Галичник

Галичка куќа
кликни за зголемување

Малубројна по налталитет, многубројна по дух и школувана интелигенција, Мијачијата има преродбенички епицентар во Галичник. Од трите еднопросторни и духовни царства, Мијачијата јазично, етнички, народно и индивидуално материјално и духовно, од своето славно писмено и усмено, фолклорно и уметничко (современо) творештво е најславно, најпрочуено - тоа е простор за кој постојано, и во војна и во мир, сакале да го освојат-присвојат, останало Мијачкото царство, хомогено, изворно, автентично. Понекогаш љубоморно завидно самото на себе, а камоли на други! Галичник. Ремек дело на градителската Мијачка рака-куќи-кули. Пред градот, град.


Радован Павлоски


Старата галичка куќа е комплетна архитектонска творба, заснована на логичната просторна организираност, таа и во надворешниот изглед делува рационално и одмерено. Без дилема се работи за дело со највисоки архитектонски квалитети во нашето народно градителство.




Моментално во делот галерија покрај неколкуте постари слики од Галичник, поставени се и нови слики од овогодинешната Галичка свадба (уживајте).