| транспорт | хотели | ресторани | забава | шопинг инфо | образование | култура | спорт | галерија |
местоположбата
Градот Гостивар се наѓа во западниот дел на Македонија, поточно во Горен Полог. Има исклучително добра местоположба бидејќи лежи на крстопат со исклучително значајни линии. Тие водат на север кон градот Тетово и понатаму кон Скопје, на југ кон градовите Кичево и Охрид, а на југозапад кон градот Дебар. Поради тоа Гостивар се има развиено во исклучително важна населба како во полето така и во планинската област.
Бројот на населението во Гостивар се движел на следниов начин:
| Година: | 1874 | 1900 | 1921 | 1948 | 1961 | 1977 |
| Жители: | 2.000 | 4.000 | 4.885 | 7.832 | 12.788 | 32.926 |
Од искажаново се забележува дека од 1874г. бројот на жители во Гостивар бележи постојан пораст. Спрема пописот извршен 1961г. бројот на малцинствата спрема бројот на Македонци кои живееле во Гостивар е следниов:
| Национална припадност: | Македонци | Турци | Албанци |
| Број на Жители: | 5.092 | 4.349 | 2.904 |
Со последниот попис извршен во 1994г.состојбата е драстично изменета. Таа, спрема податоците од заводот за статистика, изгледа вака:
| Национална припадност: | Македонци | Турци | Албанци | Роми | Срби | Власи | Друго |
| Број на жители: | 20.110 | 13.752 | 68.926 | 2.138 | 308 | 11 | 2.844 |
Во врска со добрите стопански и сообраќајни прилики, па и со постојаното зголемување на населението, од втората половина на минатиот век во градот Гостивар започнуваат да се отвараат занаетчиски и трговски дуќани. Воведен е и пазарен ден (Вторник). Со овие новонастанати прилики во тоа време започнува просперитетот на Гостивар. Велешките и Тетовските трговци, Крушевските и Кичевските занаетчии се меѓу првите во создавањето на Гостиварската чаршија. Во тоа време во Гостивар голема експанзија бележеле разни занаети, кои пред се служеле повеќе за задоволување на селските потреби. Порано во Гостивар имало многу терзии, опинчари, самарџии, сарачи, казанџии и т.н. Во денешно време, овие занаети се пред прагот на потполно исчезнување, или се сведени на бледи спомени меѓу населението.
Во поново време, градот Гостивар добива обележје на важно популационо и стопанско седиште во западниот дел на Македонија.
| Во делот галерија има повеќе интересни стари и нови слики од градот. Доколку имате интересни слики од градот Гостивар, можете да ни ги испратите на E-mail заедно со вашето име. |
| транспорт | хотели | ресторани | забава | шопинг инфо | образование | култура | спорт | галерија |