Томе Серафимоски

Томе Серафимоски

Доколку се зборува за културата и уметноста во Гостиварскиот крај, неизбежно е името на Академик Томислав Серафимоски, Серафим.

Роден е во селото Зубовце, живописно место под снежната Шар Планина. Во 1953 година се запишува во Сплитското училиште за применета уметност. На дефинитивното определување на Серафимоски кон вајарската уметност, големо влијание имаат и неговите студии во Загрепската Академија за ликовна уметност. По препорака на неговите професори, Серафимоски во 1966 година заминува за Париз, каде 4 години ја посетува школата за убави уметности, а исто така и три години поминува како соработник во атељето на познатата Аргентинска вајарка, Алиција Пеналба.

По ваквите искуства, Серафимоски се враќа во земјата, извесно време работи како сценограф во Радио телевизија Скопје. Од 1970 до 1984 година е директор на Домот на културата во Гостивар. Од тогаш живее и работи во Скопје, а е и истакната член на Академијата на Науките и Уметностите.

Во поглед на неговото творештво воопшто не се потребни зборови, доволно е да ги видите неговите дела. Повелете, уверете се сами.

Портрет на Соња, 1975, бронза, 40х25х25
Портрет на Соња,
1975, 40х25х25
Игра со птица, 1970, 32х10х10
Игра со птица,
1970, 32х10х10
Портрет на Гоце Делчев, 1979, 70х60х40
Портрет на Гоце Делчев,
1979, 70х60х40
кликнете на сликите за зголемување.

« Назад