К.К. „Гостивар“

       

       
кликни на сликите за зголемување

К.К. Гостивар, ги бележи привте активности во 1954 година под името „Маврово“. Од тогаш, клубот во повеќе наврати го менува името: Готекс, Вардар-Комерц, Гостивар и Никол Ферт. Бележи значајни спортски резултати како во поранешна Југославија така и во поново време. Три пати е освојувач на титулата Републички првак и тоа во 1965, 1967 и 1968 година. Со успех настапува и во втората лига на некогашна Југославија. Во повеќе наврати екипата се обидува да стане член и на првата лига, меѓутоа недостасуваше последниот решавачки чекор за постигнување на целта. Најзабележителни резултати екипата бележи во далечната 1964-1965 година кога успеа да обезбеди учество во четврт финалето каде загуби од „Београд“, тогашен освојувач на шампионската титула.

Гостивар беше домаќин на купот во 1993-94 година.

Денес екипата на Никол Ферт, е една од најјаките во Македонското првенство. Пред две години беше шампион на Македонија, а минатата година е освојувач на Купот на Македонија.

За најновите информации од македонското кошаркарско првенство, посетете ја страната на Макбаскет
« Назад