Планинарското друштво „Бистра“ од Гостивар, постои од 1985 година и функционира најмногу поради ентузијазмот што го имаат членовите (моментално брои околу 60 членови) на ова планинарско друштво. Да се надеваме дека ќе продолжат со добрата работа и дека ќе забележуваат уште многу успеси.
На сликата горе е планинарскиот дом „Шарски Води“ кој како што може да се примети се наоѓа на надморска височина од 1.330 м. и претставува место каде најчесто членовите на ова планинарско друштво се собираат за да уживаат во чистиот планински воздух.

Сликите погоре, се моменти од освојувањата на Титов Врв, како и на Олимп во Грција