Маврово

Старата Мавровска Црква
кликни за зголемување

Гледан од повеќе аспекти и димензии, Гостиварскиот крај јасно се дели на неколку помали пределни единици. Едната од нив ја сочинува Мавровскиот крај со своите три села Леуново, Ниќифорово и Маврово. Со оглед на тоа што повеќе векови се истакнуваше со најголем број на жители и најугледни родови и семејства, целиот овој микро регион од поодамна го носи името Маврово

Погодната положба, планината Бистра и вештачкото Мавровско езеро, придонесуваат овој регион да прерасне во голем туристички центар како на лето така и во зима. Маврово е наш најпознат зимски центар.

Скијачкиот центар „Заре Лазарески“ располага со 2 седешници и повеќе ски-лифтови, кои се синхроно поврзани. Со седешниците на час може да се превезат 1.100 лица, а со ски-лифтовите, над 5.000 скијачи на час (во моментов скијачкиот центар се реновира и се додаваат уште седешници и ски-лифтови, така да капацитетот е зголемен, а до која бројка ќе ве информираме во иднина). Скијачките патеки започнуваат на 1.960м. надморска височина а завршуваат на 1.250м.

Мавровското езеро лежи на надморска височина од 1.220м. а неговото формирање започна во 1953г. Мавровското езеро е долго 12 километри, а широко 3 километри. Површината изнесува 13,3 квадратни километри, вкупната должина на брегот е 24км, а најголемата длабочина на водата изнесува 48м. Езерото е богато со риба (пастрмка, плашица и кленови) и во деновите на викендот има голем број на риболовци.




Прекрасни фотографии од Маврово ќе најдете во делот галерија.